Левото крило Милош Грозданиќ ја напушта Војводина и се сели во Бундес лигата.
Сехалигашот Војводина го продаде можеби својот најдобар играч во Бундес лига. Милош Грозданиќ, лево крило што се најде и на последниот список на селекторот Тони Герона потпиша договор со екипата на Кобург.
Интересен податок е дека во реализацијата на овој трансфер посредуваше поранешен ракометар на Тиквеш, сега успешен ракометен менаџер, Слободан Нешков.