Шведските клубови ќе поделат 1.7 милиони евра

Владата на Шведска одобри финансиска помош за ракометните клубови 



Шведската влада одобри финансиска помош за ракометните клубови во земјата, погодени од пандемијата. Вкупната помош за машките клубови изнесува околу 1,7 милиони евра, додека дамите ќе делат околу 413.000. 

Најмногу пари, околу 1/4 од вкупната помош ќе заврши во касата на Кристијанштад (435.000), го следат Ховде (187.000) и Алингсас (131,000) . Најмалку ќе добие Савехоф (30.000). 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk