Пет суперлигашки натпревари се на програмата денеска, продолжува битката за Плеј оф, на терен ќе ги видиме и непоразените Охрид на гостување кај Радовиш и Металург на дуел со Прилеп во Скопје.
Пролет по изненадувачкиот пораз од КЛ7, денеска повторно ќе игра со истиот противник, но во својата сала. Натпревар што ќе биде пренесуван и на МРТВ 3.
ЕХФ со новиот систем на натпревари им ги остави викендите на наионалните федерации, па во отсуство на натпревари од Европските купови, сега домашните првенства се во прв план ширум Европа.
Во Македонија во моментов три екипи се во изолација, покрај Вардар кој не игра домашно првенство, со Ковид се борат и Јуниор Кисела Вода и Бутел Скопје кои ги одложија своите натпревари.
Први на терен ќе бидат Струга и Астраион, а исходот од овој меч е многу битен за Радовиш кој се трка со стружани и со Голден Арт за место во Плеј оф.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ - 28.11.2020
ГРУПА А
(13:00 часот) РК СТРУГА - РК АСТРАИОН
https://www.youtube.com/watch…
(17:30 часот) РК РАДОВИШ - ГРК ОХРИД
https://www.youtube.com/watch…
(18:30 часот) РК ПРОЛЕТ 62 - ГОЛДЕН АРТ КЛ 7 - пренос во живо на МРТ 3
https://www.youtube.com/watch…
ГРУПА Б
(16:00 часот) РК РАБОТНИЧКИ - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
https://www.youtube.com/watch…
(18:00 часот) РК МЕТАЛУРГ - РК ПРИЛЕП
https://www.youtube.com/watch…