Место на дуел со ПСЖ и Порто, Вардар ќе оди во изолација
По враќањето во Македонија од натпреварот во ЛШ со Келце, Вардар се тестираше на Ковид 19 и резултатите покажаа четири позитивни играчи. Подоцна оваа бројка неофицијално е зголемена на пет.
Веднаш беше известен и Келце кој го одложи својот следен натпревар и ќе очекува разврска од тестирањето, a а за тоа време ќе бидат во самоизолација.
Вардар на 1 декември требаше да игра на гости со ПСЖ, а потоа на 4 декември во Порто. Се чини дека нема да има ништо од овие два дуела.