Eкс шпански селектор доживеа удар

Пред времето на Хавиер Пасквал и експанзијата на шпанските тренери низ Европа, на Пиринеите живееше поинаков ракометен тренерски цар.



Легендата на шпанскиот ракомет, Хуан де Диос Роман Секо е во сериозна животна опасност со мали шанси да се извлече. Шанси да се извлече без последици - нема. 

Овој 77 годишен стратег доживеа масивен мозочен удар и во бесвесна состојба е пренесен во мадридска болница. Ударот ќе остави последици што не се реверзибилни, а целата ситуаицја дополнително е закомплицирана со тоа што тој од 2017 под контрола со терапии држи рак на белите дробови. 

Хуан де Диос има најмногу натпревари како селектор на Шпанија (221), двојно повеќе од Валеро Ривера на пример. Освојувач на сребрени медали на ЕП и бронза од Олимписки игри. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk