Будуќност ја одбра Бојана за тренер

Очекуван епилог во разврската на тренерската сага во Будуќност.



Бојана Поповиќ, црногорскиот знаменосен на ОИ Рио, е новиот тренер на Будуќност. Таа доаѓа на местото на Драган Аџиќ кој по години успешно водење на екипата, дојде до моментот кога мораше да се повлече од клупата. 
Будќност по неколку години стагнација, одново реши да се впушти во битка за шампионски пехат во ЛШ. Доведоа неколку свои, неколку странски засилувања, но екипата не играше на ниво, делумно поради големите ковид паузи, делумно поради икс фактори. 
Крајот дојде минатата недела кога Будуќност лесно загуби од Ѓер кој на терен имаше само осум ракометарки и два голмана. 

Уште од тогаш најгласна беше најавата дека Бојана Поповиќ ќе биде новиот тренер, денеска тоа е официјализирано. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk