ПСЖ пак се спасуваше од Порто

ПСЖ беше длабоко во пасивна игра. Без акција, Недим Ремили шутираше од девет метри преку зоната на Порто, а топката отиде меѓу нозете на Алфредо Квинтана и заврши во мрежата. Тоа беше гол за водство од 29-27 за ПСЖ за мечот со Порто, на околу 30 секунди до крајот. Гол за победа.
Порто потоа постигна гол за 28-29, но останаа само уште четири секунди до крајот. 



ПСЖ по втор пат за помалку од десет дена успева да го совлада Порто со многу среќа во самиот финиш. Ремили овој пат го запре Порто, нецела минута пред победничкиот гол среќата му се насмевна на Раул Гонзалез откако топката што ја одбрани Квинтана се одби до Лука Карабатиќ, а тој изнуди пенал што Хансен го претвори во гол (28-26)... 
Ова беше дуел на двата следни противници на Вардар. Прво ПСЖ на 1 декември, три дена подоцна Вардар ќе игра и во „Драгао“. 

Митревски и Квинтана имаа по четири одбрани со речиси идентично остварување (4/19 односно 4/18)

ПИК Сегед ја оствари првата победа и официјално влезе во трката за 1/8 финале. Унгарците по три порази на напревари на кои настапија некомплетни, вечерва на домашен терен го преслушаа норвешкиот елверум (36-27), а повторно во тимот функционира тандемот Бодо-Банхиди, творед на 15 гола на овој натпревар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk