Двата натпревари од Европската лига меѓу Металург и Чеховски медведи ќе се играат во Русија.
Металург и Чеховски медведи со посредништво на ЕХФ, најдоа заеднички јазик за одигрување на двата натпревари од Европската лига.
Двете средби ќе се играат во Русија. Првата на 8 декмври, втората на 11 декември.
Ова е епилог на ситуацијата што се провлекуваше и договараше со денови. Рускиот тим е во карантин, најмалку до 2 декември и не беше во можност да допатува во Скопје, односно побара одложување на натпреварот.
Металург сеедно ќе требаше да патува во Чехов и потоа да чека нов термин за гостување на Русите, а со оглед на тоа дека веќе има одложено два натпревари (Фајверс и Висла Плоцк) терминот што ќе го добиеше сигурно немаше да биде по желба, туку по налог на Виена.
Понудата стигна од Русија која подоцна месецов има и подготовки на репрезентацијата за настап на СП Египет 2021. Металург ги стави на маса фактите, ги разгледа опциите и одлучи да им излезе во пресрет на Русите, а и на ЕХФ и прифати двата натпревари да ги игра во Чехов.
Резултатски, со оглед на тоа дека и во Скопје и во Чехов ќе се игра во празна сала, оваа одлука не би требало да има голем ефект.