Душебаев: Веспрем ни го вклучи алармот

Келце денеска одигра одличен натпревар и го совлада Вардар, двапати во рамки на десет дена



Тренерот на Келце, Талант Душебаев, по натпреварот изрази големо задоволство од играта на неговиот тим, а мотивот да бидат на ниво стигнал непосредно пред натпреварот.

„Тешко е да се играат два натпревари во краток период против ист тим. Видовте што му се случи денеска на Веспрем. Таа средба ни го вклучи алармот. Знаевме дека мораме да бидеме многу фокусирани и на ниво за да победиме. 
Што се однесува со Вардар... тие имаат само четири натпревари годинава. Сигурен сум дека ќе бидат подобри и подобри како што ќе играат повеќе натпревари“, изјави Душебаев. 

На натпреварот што го вклучи алармот во Келце, Веспрем се сретна со Алборг. По победата во Данска, се чинеше дека и во Унгарија ќе биде решен без проблеми победникот. 
Но, не беше така. Веспрем, не можеше да ја пронајде својата игра и запиша пораз 30-32. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk