Вардар надигран и немоќен во Полска

КЕЛЦЕ - ВАРДАР  36-29 (18-12)
Дибиров 7, Јотиќ 6 - Душебаев 7, Морито 7



Одамна Вардар не бил надигран и немоќен како што бепе вечерва во Полска, на мечот со Келце. И не дека Келце одигра врвно, колку што не му одеше ништо на македонскиот тим од рака. Ни во напад, особено не во одбрана. 

Талант Душебаев очигледно направи вистинска проценка на силите по минатонеделниот натпревар, па вечерва не само што ги немаше во составот повредените Карачиќ и Сигурдсон, туку го остави на клупа и Андреас Волф, па Корнецки доби шанса да брани. 

Вардар почна одлично, како и во Скопје, поведе 5-2 и тоа беше тоа. 

Келце израмни 5-5, а потоа налик на вчерашниот меч на битолчани во Манхјам, двата тима влегоа во надигрување. Вечерва, Вардар не можеше да се надигрува, неговата игра беше целосно прочитана, а одговор соодветен немаше. Полјаците пресекува, излегуваа на време, блокираа на време, а Корнецки бранеше и сервираше контра напади. 
Во однос на играта на противникот, нападот на Вардар беше лош, а одбраната уште полоша...или обратно. 
Не се ни состави дефанзивната зона вистински. Брзо пукаше зоната, лесно правеа вишок Полјаците, а вешто наоѓаа и пат до пикерот и разликата полека почна да расте. 

По 15-тина минути игра Келце израмни, во пследната третина од полувремето поведе 15-10, а полувреме беше 18-12, во вториот дел во тие рамки се движеше резултатот, со тоа што Душебаев им даде шанса и на резервистите и тоа да играат напад и да преземат одговорност. 

Разликата с движеше од четири разлика во подобрите периоди на Вардар, до осум гола во подобрите периоди на Келце. Конечно, семафорот застана на 36-29. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk