Големи бодови за Голден Арт КЛ7

ГОЛДЕН АРТ КЛ7 - РАДОВИШ 31:26 (16:15)
ГОЛДЕН АРТ КЛ7: Џигероски 1, Стојков 2, Крстески 1, Цветаноски, Гучески 1, Симоноски 10, Илиески, 1, Димовски 7, Василевски, Темелкоски, Ѓорговски 6, Јорданов, Буторац, Стојковиќ, Гајиќ, Петковски.
РАДОВИШ: Паунов, Трајковски, Марков, С. Ѓоргиев 2, Постолов 3, Спасов, Ј. Ѓоргиев, Органџиев, Ристов, Илиев 11, Костадинов, Чапов, Јовановски, Ситновски, Долдуров 6, Стојановски 4



Екипата на Голден Арт КЛ7 е многу блиску до обезбедување на место во Плеј оф, а со тоа и дректен опстанок во дебитанстската сезона во Супер лигата. 
Денеска во Скопје, КЛ7 го совлада директниот ривал Радовиш и на пет кола до крајот на првенството има четири бода повеќе од Радовишани во трката еден на еден, а и Струга со 10 бода е помеѓу нив. 

Гостите поведоа со 4-1 и 6-3, но КЛ7 израмни на 6-6 и од тој момент почна битка гол за гол. Во еден момент Радовиш одново имаше плус три (13-10), но тоа се покажа и како последно водство на гостите. КЛ7 со серија од 4-0 ја презема контролата, на полувреме се замина со предност на домашната екипа од 16-15. 

Во вториот дел Голден Артк КЛ7 подобро стартуваше и поведе со 20-16. Ивица Илиев постигна 11 гола за радовишани, но тоа им беше доволно за да намалат на еден гол негатива (22-23, 25-26), но во финишот повеќе свежина имаше кај домашните, Кристијан Симоноски играше извонредна партија, постигна вкупно 10 гола, а домашните со серија од 5-1 стигнаа до конечниот резултат 31-26. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk