Видерер сака пак да биде претседател

Михаел Видерер одново ќе се кандидира за претседател на Европската ракометна федерација



Михаел Видерер одново ќе се кандидара за претседател на ЕХФ. Не можеме да замислиме посигурен облог дека ќе биде така. Добро, можеби Хасан Мустафа за претседател на ИХФ.

Михаел Видерер е основоположник и идеен лидер на ЕХФ од нејзиното создавање. Ракометот како финален производ што го имаме денеска е во огромен дел негова заслуга. Тоа што во ракометот го немаме е заслуга на неговите противници кои не се истакнале со ништо особено досега.

Неговите менаџерски квалитет не ни имаме намера да ги оспоруваме, а откако минатата година успеа да договори спонзорство од 500 милиони евра за 10 години, можеме да кажеме и дека е на добар пат да го крене овој спорт на ниво на другите поразвиени. 
Не знаеме дали ќе има противкандидат(и), а и да има, нема да пројдат добро. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk