ЛШ БИЛТЕН: Веспрем без Манасков, Нант без Лазаров

Три натпревари од Лигата на шампионите се денеска на програмата. Одложен е натпреварот меѓу Мешков Брест и Флензбург.



ВЕСПРЕМ - АЛБОРГ  18:45
Веспрем ќе игра без леви крила. Дејан Манасков и Мануел Штрлек не се во составот. Голманот Родриго Коралес не е во тимот, Хорхе Македа, Данил Шишкарев и Мате Лекаи исто така нема да играат вечерва против Алборг. 
Данскиот тим е комплетен. 

ЦЕЛЈЕ - НАНТ   20:45
Главниот одбранбен играч на Целје, Вид Потеко нема да настапи затоа што е Ковид позитивен. Тадеј Мазеј ссе враќа од карантин, а Јосип Шариќ по повредата на натпреварот со Мотор.  
Од истите причини во составот на Нант ги нема Кирил Лазаров и Адриа Фигуерас. Едуардо Гурбиндо исто така нема да настапи вечерва. 

КЕЛЦЕ - ВАРДАР  20:45
Келце на овој натпревар ќе настапи без Игор Карачиќ и Сигвалди Гудјонсон. 
Вардар е комплетен. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk