Русија без најголемата ѕвезда на ЕП 2020

За класа од другите подобрата руска ракометарка се повреди и нема да настапи на ЕП 2020



Далеку најдобрата руска ракометарка, Ана Вјахирева, се повреди непосредно пред ЕХФ Еуро Данска и нема да настапи на Европското првенство. 
Вјахирева се повреди на натпревар од Лигата на шампионите, на дуелот на нејзиниот Ростов со ЧСМ Букурешт одигран на 19 ноември. 
Резултатите од докторските прегледи на нејзината повреда на грбот беа поразителни за „зборнаја“. Мартин Амброс, нивниот селектор веќе повика замена, Валерија Маслова од Подгорица веќе е на подготовки со репрезентацијата. 

Десниот бек на зборнаја е петтата голема ѕвезда што нема да игра во Данска. Пред неа Катрине Лунде (Норвешка, бременост) и повредените Алисон Пино (Франција), Александрина Барбоса Кабрал (Шпанија) и Драгана Цвијиќ* (Србија) отпаднаа од комбинација за настап.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk