Меч со тежина на опстанок играат Голден Арт КЛ7 и Радовиш

Суперлигашите продолжуваат денеска 



Паралелно со натпреварите што се играат во Европа, се игра и националното првенство на Македонија. Денеска се играат натпревари во двете групи, а битката за Плеј оф допрва ќе стане интересна. 

Клучен натпревар се игра во Скопје, каде што Голден Арт КЛ7 го пречекува тимот на Радовиш. Ако скопскиот состав денеска победи, практично ќе го испрати во Плеј аут големиот ривал. Домашниот тим направи два чекора напред со победите над Пролет и над Астраион, пред за загуби од Охрид на меч на кој беше рамноправен.
Но, Радовиш е мечот каде што може се да се прекрши, а македонските љубители на ракометот, ќе можат оваа средба да ја следат и преку ТВ пренос, на МРТВ 3. 

Астраион го пречекува Пролет во улога на аутсајдер, особено што Пролет не за бодови, туку за сопствениот имиџ сега се вади по поразот од КЛ7.
 

СУПЕР ЛИГА МАЖИ
ГРУПА А –
25.11.2020 (18:00 часот) ГОЛДЕН АРТ КЛ 7 – РК РАДОВИШ – пренос во живо на МРТ 3 - ЛИНК
25.11.2020 (20:00 часот) РК АСТРАИОН – РК ПРОЛЕТ 62 - ЛИНК


Младост Богданци ќе го пречека Металург, на натпревар на кој домашните најавија неколку отсуства од тимот. За Металург гостувањето во Богданци, пак, ќе биде загревање за утрешното дерби со Бутел Скопје. 
 

ГРУПА Б – 
25.11.2020 (20:30 часот) РК МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – РК МЕТАЛУРГ - ЛИНК
26.11.2020 (18:30 часот) РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК МЕТАЛУРГ - ЛИНК





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk