Е. Пелистер во замката на РНЛ

РАЈН НЕКАР ЛОВЕН - Е. ПЕЛИСТЕР  28-20 (14-11)
Е: Пелистер: Чаневски (6 одб), Трајковски (1 одб), Мараш 4, Ојлески, Маркоски 2, Кукуловски, Мандалиниќ, Кушан 2, Стјепановиќ 2, Радовиќ, Танкоски, Периќ 5, Вегар 2, Кукоски, Велковски 3, Ѓукиќ
РНЛ: Вајгел 7, Гензајмер 6, Лагард 4...



Е. Пелистер го запиша вториот пораз во Европската лига, вечерва во Манхајм, од екипата на РНЛ (20-28). Ако се изземат вообичаено претераните очекувања на домашната јавност , би рекле дека поразот е очекуван, иако не очекувавме ваков пораз. 

Премногу лесно, лефтерно дојде до победата домашниот тим иако има пет играчи вон строј, во првиот дел малку, а во вториот многу тактизираше со поставата. 

Гледајќи како Мартин Швалб го форсира во првата постава Филип Ахуансу, момчето кое лани го гледавме во Скопје на Кадетското Светско првенство, едноставно посакавме да му Бабиќ и битолчани да му ја истријат од носот таа претерана самодоверба... но се случи спротивното. 

Наш впечаток е дека битолчани, некако спонтано (но затоа имаат и тренер) ја одбраа најлошата стратегија за овој меч - ракометно да се надигруваат со Германците. Можеме да наведеме бројни причини против ритамот во кој се играше овој натпревар, но еве, како најочигледно би издвоиле дека имаат само три натпревари одиграни, а веќе ближи Нова Година. И нивните акции не може да се течни и да проаѓаат како тие на германскиотт тим. Настрана, што таков ритам на игра им одговараше на Швалб и неговите „лавови“. 
И така место жестоки стартови, чести прекини, фаули и крвави колена, бЕ: Пелистер прифати ритам на РНЛ, игра како за публика ... освен што публика на трибините немаше. 

Грешеа и двата тима на почетокот на мечот, во серија во неколку наврати, па се играше петтата минута кога падна првиот гол. 
Осум минути подоцна беше 4-4, а екипите беа рамноправни на теренот, но потоа со два гола на Гензајмер и еден на Шмит, РНЛ се одвои на 7-4 и од тој момент го контролираше и резултатот. 

До крајот на полувремето во еден наврат Е. Пелистер намали на минус еден (7-8) , но веднаш вратија на плус три Германците, што всушност беше и разликата на полувреме (14-11). 

Во вториот дел, Мартин Швалб ги извади од игра и Анди Шмит и Уве Гензајмер, па и голманот Кациганис, а Лукас Нилсон воопшто и не влезе во игра. Играа Киркелоке, Лагард, Патраил... 

Разликата се искачи на пет (16-11), потоа за кратко одново беа во игра битолчани и намалија на (15-17), но следеше серија од 5-0 и водство од 22-15, потоа резултатот се движеше  во тие рамки до крајот на средбата. И сето тоа помина, незабележливо, без некој голем притисок, без „ура“, повеќе рутински... 

Конечните 28-20 се резултат што реално отсликува што се случуваше на теренот, иако не можеме да му избегаме на впечатокот дека ниту РНЛ, а уште помалку Е. Пелистер можат многу подобро и многу поинаку од ова што го одиграа вечерва. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk