Европската лига продолжува преполовено, одложени се неколку дуели меѓу кој е и натпреварот на Металург со Фајверс од Австрија. За денешните натпревари клубовите одново се некомплетни, со многу отсуства.
ДЕНЕСКА ОД 18:45
ЦСКА - НЕКСЕ
Крилото Игор Сорока и пикерот Димитри Иљченко не се пријавени за денешниот меч со Нексе.
Вожаб, Бувиниќ и Јелиниќ го пропуштаат дуелот со ЦСКА од редовите на Нексе.
ДИНАМО (Б) - НИМС
Анте Кудуз и Валентин Јонеа не се во составот на Динамо Букурешт.
Вид Кавтичник нема да настапи за екипата на Нимс.
АЛИНГСАС - МАГДЕБУРГ
Гисли Кристијансон и Матијас Муше се ракометарите на Магдебург што го пропуштаат овој меч. Алинсас е комплетен.
ДЕНЕСКА ОД 20:45
РНЛ - Е. ПЕЛИСТЕР
Андреас Палицка, Михаел Апелгрин, Патрик Гроцки, Александер Петерсон и Рафаел Баена нема да играат за РНЛ. Во тимот се враќаат Јеспер Нилсен и Јаник Колбахер.
Бојан Мацовски, Ненад Костески и Алмир Граџан не се во составот на битолчани.
КРИСТИЈАНШТАД - СПОРТИНГ
Еспен Кристенсен нема да игра за шведскиот тим.
Словенечкиот голман Матевж Скок и шпанскиот бек Карлос Руесга не се во составот на Спортинг Лисабон.
МОНПЕЉЕ - БЕШИКТАШ
Монпеље е комплетен, во тимот се врати и Вилмино. Бешикташ со 13 ракометари ќе настапи во Франција.
ТУЛУЗ - АДЕМАР
Саду Н'Танзи ќе дебитира за Тулуз. Тој дојде од ПСЖ како дел од замената со која Лук Стајнс се пресели во Париз.
Натан Суарез е единственото отсуство во Адемар, откако се врати Хаиме Фернандез.
БЕРЛИН - ТАТРАН - Се уште не се официјализирани составите на двата тима.