РНЛ има добри и лоши вести за Е. Пелистер

Битолчани на својот трет официјален натпревар воопшто го играат денеска, а противникот е клуб што се прослави последнава деценија - Рајн Некар Ловен. 



Долг ќе биде текстот ако почнеме да го анализираме кој е и што е РНЛ. Ќе ја избегнеме нивната монографија, добрите и не толку добрите ракометни познавачи веќе би требало да ги знаат германските „лавови“, имавме можност неколкупати да ги гледаме во Скопје, а патем и да ги следиме речиси цела сезона како наши додека таму играше Филип Талески. 

Генерално има добри и лоши вести од Германија за Е. Пелистер. Добрите се дека за РНЛ нема да играат двата први голмани од Шведска - Михаел Апелгрин и Адреас Палицка. Нема да игра ни врвниот десен бек Александер Петерсон од Исланд, шпанскиот пивот Рафаел Баена и германското репрзентативно крило Патрик Гроцки. 

Лошата вест е што во екипата се враќаат пикерите Јаник Колбахер и Јеспер Нилсен. Тенки се на голманската позиција каде Кациганис кој дојде како замена и десно крило каде Вигел ќе го менува Гроцки. На сите други позиции имаат врвни замени како Лагергрин место Петерсон или врвни играчи какви што се Анди Шмит, Лукас Нилсон, Лагард, Толбринг и нивната прва ѕвезда - Уве Гензајмер. 

Германците одбраа точни зборови кога го опишуваа битолскиот клуб. Од нивни агол гледатно, тоа е екипа што се наоѓа меѓу традицијата, фузијата, аспирациите и реалноста. 
Секој почеток е тежок, практично им порачаа на битолчани, споменувајќи ја ланската сезона за која велат дека  нивниот денешен противник потрошил многу пари и на крајот заврши далеку позади старите волци Веспрем, Загреб и Мешков Брест. 

РНЛ веројатно тоа добро го знае затоа што и самиот го изоде тој пат кога во 2007 клубот што пет години се натпреваруваше како Кронау-Остриген се пресели во Манхајм и се преименува во Рајн Некар Ловен. Тие тоа го направија со многу повеќе потрошени пари и од позиција на бундес-лигаш.

Натпреварот се игра со почеток од 20:45 часот, а ќе го судат, хм, Швеѓаните Андреј и Сандро Смајлагиќ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk