Шампионот на Русија нема да дојде на меч со Металург на 1 декевмри,
Поради нови позитивни случаи на Ковид во екипата, Чеховски медведи замина во 10 дневен карантин, објави нивната прес служба. Рускиот тим по мечот со Висла Плоцк ги пријави Маслеников, Павленко, Фокин и тренерот Максимов за позитивни. Сега списокот е подолг, но имиња не се дополнително објавени.
Следат дополнителни тестови и тие играчи што ќе бидат негативни ќе можат да тренираат, но клубот веќе ги суспендираше активностите до 2 декември.
Тоа значи дека Ч. Медведи службено ќе го загубат мечот со Пермски медведи закажан за 27 ноември, а нема да дојдат ниту во Скопје на 1 декември.
Средбата со Металург не е официјално одложена, се чека одлука на ЕХФ, но претходно и резултати од тестовите, па останува да видиме дали Виена ќе ја одложи оваа средба или ќе им наложи да допатуваат во Скопје со ростерот на играчи што им е на располагање.
Одложено е најверојатниот исход, особено што оваа екипа досега нема побарано одложување на меч.