Ковид во Јуниор К. Вода, одложени нивните натпревари

Ковид 19 за своја најнова суперлигашка жртва ја одбра екипата на Јуниор Кисела Вода.



Јуниор Кисела Вода е последното има штиклирано на списокот на Ковид 19. Веќе десетина дена нема дерман скопскиот клуб од подмолната зараза. Прв во карантин со симптоми замина тренерот Благоја Весиќ. Последниот нивни натпревар тој го следеше на лајв стрим од изолација, а на клупата како помош додека се врати Весиќ им дојде стар пријател - Ристо Магдинчев. 

Денеска требаше да одиграат првенствен натпревар со Пролет, потоа со Струга, но и двата меча се одложени. Списокот на Ковид позитивни сега брои вкупно осум, заедно со тренерот Весиќ. 

Другиот дел од играчите, тие што се негативни на Ковид ќе продолжат со тренинзи, тоа е овозможено со протоколот.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk