ЕХФ ЕУРО: Крај на драмата, Данска доби дозвола за ЕП

Данската влада и даде зелено светло на Данската Ракометна Федерација да го организира Европското првенство. 



Крај на драмата со одржувањето на ЕХФ Еуро 2020 во Данска. По многу перипетии, чекање, фрустрации денеска министерката за култура, Џои Могенсен објави дека ДХФ може да го организира Европското првенство. 

Протоколот спремен за ова ЕП ќе биде нешто што во спортот не е видено, така велат Данците, а кога држава што поради Ковид ликвидираше 17 милиони животинчиња од родот куни ќе каже дека протоколот е невидено строг, тогаш подобро да ѝ верувате. 

Информацијата донесе олеснување во ДХФ, а особено и се израдуваа и во ЕХФ, па веднаш се слушнаа фанфарите од Виена свечено објавувајќи на 10 дена до почетокот на ЕП дека - ЕП ќе има. 

Останува да видиме само, дали „невестата бегалка“ ќе добие воспитна. Пропишано со правило е кога организатор ќе се повлече од своите обврски, а Норвешка го стори токму тоа, да биде казнет. Но, Ковид сезона е, правилата сега не важат како што важеа досега. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk