Ц. Гора ќе ја води екс тренер на Вардар

Данскиот тренер Ким Расмусен е новиот селектор на Црна Гора. Ќе му асистира Бојана Поповиќ. 



Не минаа ни 24 часа од објавата дека Пер Јохансон не е селектор на Црна Гора, а веќе имаат нов странски селектор. Некогашниот тренер на Вардар, Данецот Ким Расмусен е на чело на црногорската репрезентација, а ќе му асистира Бојана Поповиќ. 

Ваквиот брз развој на настаните сигурно не е спонтан и ни дава полно право да веруваме дека смената на Пер Јохансон можеби ги изненади ракометните фанови, но во внатрешните кругови, вклучувајќи го и самиот Јохансон, сигурно не е никакво изненадување туку финале на нешто што се спремало некое време. 

Ким Расмусен е познат и во Скопје. Беше тренер на Вардар во 2015 година. Не се согласуваа играчите со него  и неговите методи и тоа се одрази врз резултатите. Победија играчите и нивната логистика, па Расмусен беше заменет. Отиде во ЧСМ Букурешт и веднаш со нив стана европски шампион. 



Потоа стана и селектор на Унгарија и беше суспендиран на мундијалот во Јапонија, откако си зема преголема слобода да критикува и руши углед, незадоволен од судењето. 
За да мине полесно со суспензијата, подоцна се извинуваше и за црешите што ги крадел како дете, но тоа не го спаси од отказ од Унгарија.
Работеше во Полска, сега еве го одново на големата сцена - ќе ја води Црна Гора на ЕП, ако ЕП воопшто има. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk