Ојлески: Против РНЛ, нема што да загубиме

Е. Пелистер има нов тежок предизвик, игра против РНЛ во Манхајм



Битолскиот Е. Пелистер следниот испит ќе го полага во Германија. Против Рајн Некар Ловен во Манхајм, Еден од најсилните клубови во Бундес лигата, но и екипа што не се форсира премногу во Европските купови додека не стигнат елиминациите, што се надеваме дека и утре ќе биде случај. 

Битолчани имаа и Ковид и карантин и пауза и минаа низ многу што годинава, а најмногу од се им недостасуваат натпревари. 

„Бевме под корона во минатиот период, но мене не ме загрижува падот во вториот дел од натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Тоа е нормално. Игравме добро во првиот дел, водевме, но потоа паднавме физички и не издржавме. Момците дадоа што имаа, но нетренирањето и коронавирусот оставија трага.
Што се однесува до натпреварот во Германија, Рајн Некар Левен е фаворит, силна екипа и лидер во Бундеслигата. Но, јас се радувам на натпреварот, нам ни е страшно важно да играме, не треба да заборавиме дека сме потполно во контра ритам.
Немаме натпревари, не трениравме и нам сè ни е добро, без разлика што Рајн Некар Левен е силен тим.
Се надевам дека ќе одиграме како и секогаш цврста одбрана. Притисокот мислам дека нема врска ни за нас, ни за нив. Треба да бидеме опуштени за да го дадеме максималниот потенцијал. Но, верувам дека притисокот нема врска и секој ќе го даде максимумот“, изјави тренерот Жељко Бабиќ. 

Крилото Гоце Ојлески го пропушти минатиот натпревар, сега е во строј. Недостасуваат Костески, Граџан и Маџовски останаа во Битола. 



„Секако дека коронавирусот остави трага. Не е лесно да си надвор од тренажен процес десетина дена. Видовме како тоа се одрази на натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме, да ја вратиме снагата и да се подготвиме за натпреварот во вторник.

Рајн Некар Левен е фаворит во групата. Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат“, вели Ојлески. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk