ЕХФ ЕУРО: Ќе се спремаат за играње, а дали ќе се игра...

Шеснаесетте најдобри европски женски репрезентации од денеска почнуваат со подготовки за настап на ЕХФ ЕУРО 2020, првенство што не се знае дали ќе се игра. 



Европското првенство во женска сениорска конкуренција треба да почне на 3 декември. Репрезентациите од денеска официјално се во фаза на подготовки и планирање на настапот на шампионатот. 
Единствениот проблем е што не се знае дали првенството воопшто ќе се игра. 

Данска и Норвешка беа планираните домаќини. Но, Норвешка минатиот понеделник, јуначки избега од бојното поле и ѝ ја остави комплетната одговорност на Данска, која имаше полиберални мерки во битката со Ковид. 
Речиси неверојатна е случајноста, што само ден подоцна, норвешките клубови како Елверум на пример кој досега одложи три меча, а немал ни еден позитивен играч, добија специјална дозвола да играат на домашен терен во ЛШ. 

Истиот ден кога Норвешка се повлече од организацијата, а Данската ракометна федерација (ДХФ) ја презема целата одговорност, се промени ставот на данската влада. И не дава зелено светло за да се игра ЕП. 

Шампионатот треба да почне на 3 декември. Но, ако земеме предвид дека репрезентациите треба да бидат во Хернинг и Колдинг барем три дена пред стартот на ЕП како би го минале првиот карантин и тестирање, времето за носење на одлука дали да се игра или не, одамна измина. Но, ДХФ и ЕХФ не се откажууваат.
На крајот на денот, тој што ќе се откаже - плаќа. А сметката ќе биде со многу нули. 

ДХФ вели дека имаат спремено Ковид протокол каков што не е виден досега во спортот. Но, за владата на Данска тоа не е доволно. 
Вчера беше последниот обид на ДХФ. Одржаа состанок на кој се договорија да продолжат да се спремаат како да имаат дозвола. Ќе се преправаат дека е се под контрола се до моментот додека добијат зелено светло. Или да прекинат, но велат, доста се нервиравме и се фрустриравме, мора да се работи. Треба да се завршат сите подготовки ако се игра. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk