Охрид со цел плен од дуелот со Голден Арт КЛ7

ГРК Охрид – Голден Арт КЛ7 27:24 (15:14)
Охрдид: Брауновиќ, Даниловски, Андоноски 2, Ивановски 1, Кривокапиќ 4, Блажески 6, Костов, Николов, Чагаљ 1, Ивановски 1, Тасески 3, Соколов, Мансков 7, Ристески 1, Димитриески, Тот 1
Голден Арт КЛ7: Петковски, Петрески, Гучески 2, Гајиќ, Цветaноски 1, Ѓорговски 3, Илиески 1, Џигероски 2, Димовски 3, Буторац 3, Темелкоски 2, Стојков 3, Јорданов, Симоноски 4, Крстески, Стојковиќ



Охрид одново ги освои бодовите од натпреварот со Голден Арт КЛ7, но за разлика од првиот меч, сега видовме многу порамноправен натпревар, што покажа дека гостите напредувале многу од почетокот на сезоната до сега. 

Домаќините подобро го почнаа мечот и отворија со серија од 3:1, но гостите вратија со иста таква серија за израмнување на резултатот 4:4.
ГРК Охрид неколку пати се обиде резултатски да се одлепи и тоа му успеа пред самиот крај на првиот дел, кога прв пат дојде до убедлива разлика од 15:10. Но, голманот Петковски беше во елемент и иницијатор на серија на КЛ7, па на крајот од првиот дел беше само еден гол разлика, 15:14. 

Вториот дел се играше гол за гол, а гостите први „кикснаа“ во желба да израмнат со лош контра напад, по што следеше притисок на ГРК Охри кој за кратко време се одвои на +5, разлика, овој пат разлика што беше актуелна се до последните неколку минути. На крајот резултатот гласеше 27:24.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk