Работнички го шокираше Бутел

БУТЕЛ СКОПЈЕ - РАБОТНИЧКИ  21-23 (10-11)
Стрелци за Бутел: Стојановски 3, Ѓеоргиевски 3, Митев 3, Печенковски 3, К. Василевски 2, Мајиќ 2, Мојсоски 1,  Илиевски 1
Стрелци за Работнички: Ончев 6, Крстевски 5, Ќосвески 4, Савревски 4, Атанасовски 2



Работнички го изненади Бутел кој од улога на голем фаворит денеска го пречека локалниот ривал во рамки на редовното коло. 

Има добар тим Работнички, но досега играше некако под нивниот максимум, апрашање на време беше кога некој ќе се „изгоре“.
Бутел Скопје и на првиот меч имаше проблеми со Работнички, но ги реши со еден блиц криг во вториот дел. Вечерва се играше по слично сценарио, но изостана јуришот на домашните и на крајот се радуваа ракометарите на Работнички. 

Израмнето беше во текот на целиот натпревар, со тоа што Работнички го контролираше резултатот во најголемиот дел. Неколкупати израмнуваше Бутел во првото полувреме, но ниту еднаш не премина во водство. 

Во вториот дел, со два гола на стартот, од 12-11, Работнички поведе со 14-11 и потоа до крајот на средбата резултатот се движеше меѓу  два и три гола разлика. 

Во финишот Бутел имаше шанса да се доближи на гол разлика, но направија престап, а потоа во последниот напад Рабонички изнуди и пенал и ги заработи трите бода. 

Нема да влијае многу овој пораз на Бутел, тие и натаму заедно со Металург се најсигурни за Плеј оф, а Работнички добива шанса во продолжението да направи подвиг. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk