Достоен отпор на Куманово, заврши евро-авантурата

КУМАНОВО - ГАЛИЧАНКА  26-31 (16-15)
Куманово: Митровиќ (17 одб), Марковиќ, Пецанова 1, Трајковиќ 2, Ивановска 1, Боризовска 7, Сарановиќ 3, Чокели 5, Кипријановска 5, Џамкиќ 1, Димитриевска, Краљевска, Цветановска, Бекирхоџиќ, Н. Краљевски



Европската авантура на Куманово заврши во украинскиот Лвов, со втор пораз од домашната Галичанка. Достоен отпор и донекаде поправен впечатокот беше по реванш натпреварот, на кој Куманово загуби со пет гола разлика, но патем успеа и да реши едно полувреме во своја корист.

По првите 30 минути, македонскиот тим водеше 16-15, но во вториот дел, слично како и на првата средба доминираа украинските ракометарки и мечот го решија во своја полза. 

Покрај голманот Митровиќ зад која останаа запишани 17 интервенции, ќе ги издвоиме како најдобри стрелци и Боризовска која постигна седум гола, потоа Јована Кипријановска која беше стрелец на пет и Медеа Чокели која исто така постигна пет гола. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk