Ц. Гора менува селектор на 10 дена до ЕП!

Sелекторот на Црна Гора доби отказ на 10 дена до стартот на ЕП. 



Шведскиот стратег Пер Јохансон нема да ја води Црна Гора на Европското првенство во Данска. Шампионатот треба да почне за 10 дена, ако воопшто почне затоа што денеска летаат искри низ цела Данска по тоа прашање, а одлуката дали ќе има ЕП или не, ја носи данската влада. 

Пер Јохансон требаше да замине од оваа позиција по ЕП, но несредените односи со црногорската федерација искреираа ново сценарио, според кое Ц. Гора ќе мора итно да најде негова замена, а тој ќе си остане тренер на Ростов Дон. 

Поранешниот тренер на Вардар, Ким Расмусен го гледаме како најсериозен кандидат за селектор, иако не се исклучени и други опции. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk