Будуќност остана без тренер, Аџиќ се повлече

Тренерот со кој Будуќност стана европски шампион во 2012 и 2015 поднесе оставка откако неговата екипа потфрли на гостувањето во Унгарија.



Легендарниот црногорски тренер Драган Аџиќ поднесе оставка и го ослободи најпосакуваното ракометно работно место во Црна Гора - тренер на Будуќност. 
Аџиќ потпиша капитулација на сите фронтови, не го издржа притисокот откако вчера неговиот тим се резилеше во Унгарија. Дали беше Аџиќ причината Будуќност да игра слабо, ќе видиме. Но, вчера Ѓер излезе на (домашен) терен со само осум играчи и два голмана и без проблем со пет гола разлика го совлада Будуќност. 

За еден месец ќе се ослободи и второто најпосакувано работно место во Црна Гора, селектор на женската репрезентација, а кандидат број еден да ги пополни е Бојана Поповиќ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk