Ќе има ЕП или не? Данска решава утре

Управниот одбор на Данската ракометна федерација утре ќе пресече дали ќе се игра ЕП или нема. 



Чекањето заврши. Данската ракометна федерација (ДХФ) место зелено светло од владата за организирање на ЕП 2020 во женска конкуренција од министерството, доби - „Работиме на наоѓање на солуција“. 

Претседателот на федерацијата, Пер Бертелсен, веќе е на крајот на нервите и трпението. Разбирливо веќе со месеци заедно со Норвежаните танцуваше околу ЕХФ, нивните влади, Ковид протоколите...
Норвешка прва го напушти балот, оставајќи им го целиот товар на саканите соседи. Бертелсен денеска свика состанок на УО,  а тој ќе се одржи утре, претпладне во 11:00 часот.
Тогаш Данска ќе пресече дали кај нив ќе се игра ЕП или нема. 
Со оглед на тоа дека е недела, веројатно нема да има новости од министерството, па останува на УО на ДХФ  одлуката што ќе ја донесе, да се базира на тоа што се случуваше до сега.
А плочата со проблемите веќе неколкупати е свртена и нема што ново да се слушне.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk