Тулуз и ПСЖ ги разменија плејмејкерите

Пари Сен Жермен најде замена за Никола Карабатиќ, Тулуз доби талент за калење. 



Противникот на Вардар 1961 во ЛШ, Пари Сен Жермен и противникот на Металург во Европска Лига, Тулуз, денеска направија размена на играчи. 
Во Париз се сели 173 сантиметри високиот Лук Стајнс, холандски плејмејкер со луцидност и брзина приметени кај птицата итрица, а во спротивен правец заминува 10 сантиметри повисокиот Саду Н'танзи или Ентанзи, 20 годишен француски талент што ќе се кали под команда на некогашниот кормилар на „светците“, Филип Гардо. 
Не треба посебна предвидувачка моќ за да претпоставиме дека за оваа своја широкоградост, Тулуз е награден и со извесна сума на евра, што се секогаш и секаде добредојдени. 

Со оваа размена ПСЖ си обезбеди замена за повредениот Никола Карабатиќ, а Ел Команданте сега во тимот, покрај најскапиот, ги има и најнискиот и највисокиот играч во ЛШ (Стајнс и Криштопанс). Патем ги има и најтешкиот и најлесниот играч во ЛШ (Криштопанс и Бездјунга). 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk