Македонскиот репрезентативен голман имаше импресивна партија и е најзаслужен за триумфот на Порто на жешкиот терен во Лисабон.
Порто губеше 10-11 на гостувањето во Лисабон, кога шведскиот тренер Магнус Андерсон конечно, се тргна од интертноста која траеше уште од натпреварот со Пари Сен Жермен и го замени Алфредо Квинтана со Никола Митревски.
Тоа подоцна се покажа како потег кој го реши дербито во Лисабон. Никола Митревски до крајот на натпреварот запиша 14 одбрани, со статистика 14/27, а Спортинг постигна 4 гола на празна мрежа.
Порто на крајот уште славеше и рутинска победа од 33-27 (14-14) и ја за пиша 11 победа, нанесувајќи му го на Спортинг првиот пораз.
Со оваа победа, Порто направи голем исчекор кон одбрана на шампионската титула.