Томовски и Лудвигсхафен остануваат без сала

Во сезоната во која сите клубови се борат за гол живот, екипата на Мартин Томовски ќе остане и без сала.



Лудвигсхафен ќе остане без сала од следниот месец. Салата во која што играат во моментов треба да биде пренаменета во вакцина-центар. Оваа одлука внесе немир и револт во клубот. Лудвигсхафен има вложено многу за да ја адаптира салата во центар што исполнува услови за играње во Бундес лига. 

Но, не само тоа, сега ќе мораат да бараат нова сала, а тоа ќе ги чини многу поскапо. Особено што најблиску до нив е САП Арена на Рајн Некар Ловен која е скапа и за побогатиот тим од Манхајм. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk