Ковид во групата на Металург: Чехов и Висла имаат позитивни

По натпреварот меѓу Чеховски медведи и Висла Плоцк од Европската лига, во групата во која е и Металург и двата тима пријавија позитивни на Ковид 19 играчи.



Ковид 19 некако се „прошверцувал“ низ сите негативни тестови на екипите на Ч. Медведи и Висла Плоцк, па по одигрувањето на нивниот меч во Чехов и двата тима пријавија позитивни играчи и се наоѓаат во проблеми пред продолжувањето на првенството. 

Владимир Максимов, легендарниот руски селектор и сега тренер на Ч. Медведи е позитивен во составот на „мечките“, а покрај него и Виктор Фурцев, Димитри Павленко и Тимофеј Маслеников се позитивни на последниот тест. 
Ч. Медведи мора да игра во Русија затоа што таму за Ковид 19 се добива службен пораз, но да видиме пред следниот меч дали бројката ќе остане на четири.

Металург на 1 декември го пречекува во Скопје тимот од Чехов. 

Висла Плоцк пријави тројца позитивни и со тое бројката на изолирани играчи во нивниот клуб се искачи на осум. Натпреварот со Адемар Леон им е одложен, објавија на нивниот веб сајт. 
Покрај изолираните, Висла има проблем и со повредени, па така вон строј или на индивидуални тренинзи им се Лео Дутра, Стевановиќ, Терзиќ, Фернандез и Шушња. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk