Куманово не се прослави во Лвов

ГАЛИЧАНКА ЛВОВ - КУМАНОВО  33-17 (11-8)
Боризовска 4, Трајковиќ 4, Сарановиќ 2, Чокели 2, Џамкиќ 2, Кипријановска 1, Марковска 1, Ивановска 1



Куманово запиша висок пораз на првиот натпревар од ЕХФ Куп во Лвов, против домашната Галичанка (17-33) и практично е елиминиран од понатамошното натпреварување. 

Одиграа сосема солидно прво полувреме македонските ракометарки по кое имаа негатива, но само од три гола разлика 8-11. 
Не успеаја да одиграат во ист ритам и во вториот дел, напротив. На почетокот беше ветувачки, имаше шанса и за минус еден македонскиот тим откако Кипријановска при 10-12 украде една топка, но потоа влегоа во ритам домашните.

Серијата во на домашните во следните 15 минути беше 16-3 и комплетно го сменија впечатокот за натпреварот. Конечните 33-17 не даваат никаква надеж дека во недела има шанси за поправен. Но, Куманово ќе има шанса да го поправи барем впечатокот. 
Боризовска и Трајковиќ со по четири гола беа најефикасните ракометарки во македонскиот состав. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk