Македонските јуниори нема да играат за СП

Македонските репрезентативци што лани беа домаќини на Кадетско СП, нема да имаат можност да се квалификуваат за следниот мундијал, каде што можеше да играат како јуниори.



Македонските јуниори, Генерација 2000 (Серафимов, Кизиќ, Кондев, Младеновиќ, Гајиќ...) нема да добијат шанса да се борат за настап на Јуниорското СП што ќе се игра во Грција следното лето.

ЕХФ во пресрет на овие квалификации го смени квалификацискиот модел. Македонија како учесник на ЕХФ Шампионатот во Летонија, имаше можност ако освои прво место, да игра во бараж за пласман на СП 2021. 
Но, тоа нема да биде случај. 
Ковид 19 ги измеша сите термини, датуми, планови итн. ЕХФ ги откажа ЕХФ Еуро У18 и У20, а со нив нови термини не добија ниту ЕХФ Шампионатите У20, во Летонија и БиХ. Во Летонија требаше да игра и репрезентацијата на Македонија.
Нивното одржување го загуби смисолот откако ЕХФ реши да ги додели местата врз база на ЕХФ Натпреварите одржани во 2018 година. 

Денеска Ракометната Федерација на Русија објави на нивната веб страница дека нивната јуниорска репрезентација заедно со Израел кои беа последни на ЕХФ Еуро 2018 ќе играат во група со Италија и Австрија (победници на ЕХФ Шампионатите У18 во 2018) за две места на Јуниорското СП 2021. 
ЕХФ на нивниот веб сајт се уште нема објавено официјална информација околу начинот на кој последните две репрезентации ќе се пласираат на СП. Другите се според пласманот на последното ЕХФ Еуро, од 2018 година. 

Македонската кадетска репрезентација, пак, Генерација 2002 ќе игра на ЕХФ Шампионат и тоа во Македонија. Тој турнир е поместен за цела една година, ќе се игра во август и ќе биде У19. Со евентуален триумф на тој турнир, ќМакедонија ќе се пласира во повисок ранг, односно на ЕХФ Еуро, а оттаму погледот кон иднината ќе биде многу подобар. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk