Финецот си оди од Париз, Лазовиќ останува Словенка

Најдобриот фински репрезентативец, Нико Ронберг, не издржа ниту една сезона како интернационалец. Тој летово замина за Париз, каде настапуваше за Иври, но се повреди и не го видовме ниту на дуелот со Македонија. Поради неможноста да се гледа со семејството во Ковид сезоната, Ронберг побара од Иври раскин на договорот, а нив не требаше двапати да им се каже и спогодбено ја раскинаа соработката. 




Барбара Лазовиќ нема да стане Црногорка. Одложувањето на Олимписките игри вклучително со квалификациските турнири ја одложија најавената натурализација. 
Според информации од црногорско-словенечки медиуми, Лазовиќ ќе ја продолжи репрезентативната кариера во дресот на Словенија. 

Павел Пачковски, десниот бек на Келце кој како позајмен играч играше за Веспрем, а сега за Мешков Брест, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и во иднина нема да игра за Полска. 

Маркус Тата ќе го води Бразил на СП доколку не бидат суспендирани. Вистински хаос е во Бразил и со селекторите. Имено Вашингтон Нуњез на почетокот на годината доби отказ и беше заменет со Шпанецот Даниел Гордо. По одложувањето на квалификациите за ОИ, Гордо беше заменет и одново беше назначен Вашингтон. По два месеца од назначувањето, Вашингтон одново доби отказ и сега Маркус Тата е селектор. 

Францускиот тренер Лорен Бизу се раздели со женскиот тим Брест. Оваа екипа годинава игра во Лигата на шампионите, а во домашното првенство е единствениот вистински ривал на Мец за шампионскиот пехар. 

Кил во своите редови ги има Патрик Винцек и Хенрик Пекелер, но норвешките медиуми откриваат дека „зебрите“ се блиску до потпис со нивниот репрзентативен пикер Петер Оверби, во моментов играч на Ерланген. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk