Меч за историја на Вецлар, жртва Лудвигсхафен на Томовски

Екипите на Вецлар за кој игра Миркуловски и Лудвигсхафен за кој брани Томовски, одиграа меч со кои ги измешаа статистиките во Бундес лигата.



Во сенка на натпреварите од Европските купови, во Бундес лигата се сретнаа екипите на Вецлар и Лудвигсхафен. По 60 минути игра, двата клуба испишаа нови страници во сојата историја. Вецлар слави рекорди, Лувигсхафен запиша неславна статистика.

Вецлар победи 29-11 (13-6). Ова е нивната највисока победа во историјата, претходниот рекорд им е плус 15 на меч во 2009 година. 

Лудвигсхафен, го израмни својот неславен рекорд од 2010 година кога загуби со 18 гола разлика од Кил, но тогаш постигнаа 19 погодоци. 

11 гола се најмалку голови постигнати од еден тим во последните 20 години. Лудвигсхафен му се приклучи на Есен кој во 1999 загуби од Флензбург (11-30). 

11 гола се најмалку што Лудвигсхафен постигнал на еден меч во својата историја, а воедно 11 гола се најмалку голови што Вецлар ги примил на еден натпревар во историјата во најсилната германска лига. 

Филип Миркуловски постигна 1 гол, а Мартин Томовски бранеше помалку од 15 минути и имаше 1 одбрана. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk