ЛИНК: Куманово на украински тест

Македонскиот претставник во ЕХФ Куп, Куманово, попладнево во Лвов, Украина, ќе го одигра првиот меч од двобојот со украинскиот претставник Галичанка



Куманово поради ркеонструкција на својата сала, одлучи двата натпревари од ЕХФ Куп да ги одигра на гостински терен во Украина. Македонскиот тим избегна комлицирани авио-релации и во еден здив со автобус ги мина 1300 километри, а имаше време и да тренира во салата на украинскиот клуб.

Играњето два меч на гости го искачи уште повисоко украинскиот тим на летвичката каде се споредува улогата на фаворит, па останува да видиме дали Куманово, од улога на клуб што нема што да загуби би можел да биде опасен. 
Галичанка, од клупата предводена од поранешниот селектор на машката репрезентација, Виталиј Андронов, многу сериозно пристапува кон натпреварот:

„Македонија игра ракомет од југословенската школа. Цврст тим со добра одбрана, многу трчање и карактер. Не чека тешка задача. Ги гледавме нивните натпревари и ја анализиравме нивната 6-0 одбрана. Мислам дека добивме еден од најтешките противници во оваа фаза“, изјави Андронов во пресрет на натпреварот. 

Играчки хендикеп за македонскиот тим е што има само еден голман во тимот, бидејќи Марија Јовановска не е пријавена во составот. Така останува дас е надеваме дека српската интернационалка Катарина Митровиќ ќе има добар ден и ќе игра запазена улога. 

Средбата се игра во 18:00 часот, можете го следите натпреварот со клик на следниот линк:

ГАЛИЧАНКА ЛВОВ - КУМАНОВО  Гледај во живо

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk