Данска добива дрим тим, се враќа АГ Копенхаген

Данскиот бизнисмен Каспер Нилсен создаде скандинавски тим во кој играа Олафур Стефансон, Ким Андерсон, Микел Хансен, Гудјон Валур Сигурдсон, Хенрик и Рене Тофт Хансен, Мадс Менса Ларсен... Денеска најави формирање на нов таков тим!



Данската ракометна јавност денеска има голема причина за славење, затоа што е најавено рестартирање на проектот АГ Копенхаген. 
Совевремено (2011) сопственикот на „Пандора“, Каспер Нилсен формираше скандинавски дрим тим во кој играа најдобрите скандинавски играчи во тоа време. Таму беа сите ѕвезди од Исланд, Шведска, Норвешка и Данска, вклучително Микел Хансен, Олафур Стефансон, Гудјон Валур Сигурдсон, Мадс Менса Ларсен... 

Потоа почна процес против него за затајување данок, па тој избега во Шпанија од каде пет години води судски спор. Сега целиот спор е при крај, а Нилсен вели дека одново ќе може неговото семејство да се нарече милијардери. 

„Девет години не можев да се вратам поради моите даноци и судски спорови. Но, кога ова ќе заврши, се враќам во Данска и ќе го обновам АГ Копенхаген“, напиша меѓудругото Нилсен денеска на неговиот ФБ профил. 

Пред да го направи АГ Копенхаген, Нилсен беше еден од главните личности што го кренаа на ова ниво бундеслигашот РНЛ.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk