Везенкоски пред потпис со Прилеп

Златко Везенкоски во продолжението на сезоната би требало да го облече дресот на екипата на Прилеп



Прилеп е чекор поблиску до моментот да обезбеди „ еден до два играча“ со кои ќе направи разлика во битката за бодови, односно опстанок во Супер лигата. 

Искусниот Златко Везенкоски, ракометар што во кариерата со доста успех настапуваше за екипите на Охрид, Зомимак, Пелистер. 
Везенкоски сезонава требаше да игра за Радовиш, но поради проблем со коленото, воопшто не го одблече нивниот дрес. Поради тоа би требало да добие право за настап за Прилеп. 

Тој веќе извесен период тренира со прилепчани, коленото е добро, па на почетокот на следната недела треба да добиеме и официјална потврда за трансферот. Се реализира ли, прилешчани добиваат екстра засилување и ќе играат многу поважна улога во продолжението на шампионатот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk