Откако завршија натпреварите во Европската лига, денеска и утре на ред се мечевите од Лигата на шампионите.
Никола Митревски денеска пред себе ќе ги има Микел Хансен, Елохим Пранди, Недим Ремили и Даинис Криштопанс. Шутери од светска класа и ќе мора одново да ја докажува сопствената.
„Имаат одлични голмани, Квината и Митревски. Македонецот на мечот со Сегед имаше интервенција што го обиколи светот“, објави ПСЖ на својот сајт во најавата за нивното вечерашно гостување во „Драгао“.
Денеска во Данска ќе гостува и Веспрем кој исто така има македонски интернационалец во своите редови. Осамен ќе биде Манасков, затоа што Мануел Штрелек не е во составот. Недостасуваат и други звучни имиња вклучилно со двајца екс вардарци - Македа и Шишкарев, но има премногу ѕвезди во екипата Давид Дејвис за овие отсуства да се почувствуваат.
ДЕНЕСКА ОД 18:45
АЛБОРГ - ВЕСПРЕМ
Нема најавени отсуство од екипата на Алборг.
За екипата на Веспрем денеска нема да играат Хорхе Македа, Мануел Штрлек, Родриго Коралес, Данил Шишкарев, Кентан Мае и Блаж Благотиншек.
ФЛЕНЗБУРГ - МЕШКОВ БРЕСТ
Флензбург денеска ќе настапи без повредените Хампус Ване, Ласе Мелер и Јоханес Гоља.
Во составот на Мешков Брест не се пријавени Симон Разгор и Сандро Обрановиќ
ПОРТО - ПСЖ
ПСЖ долго време ќе биде без Никола Карабатиќ. Не се објавени составите, но нема најави за отсуства во двата тима.
ДЕНЕСКА ОД 20:45
ППД ЗАГРЕБ - МОТОР
Нема отсуство во тимот на ППД Загреб. Загреб овој меч го игра во Сутинска Врела, затоа што „Арена“ е претворена во Ковид центар.
Стефан Вујовиќ е повреден и нема да настапи за Мотор.