Охрид му нанесе домашен пораз на Т. Пролет

Т. ПРОЛЕТ - ОХРИД   18-22 (12-10)
Палевски 6 - Кривокапиќ 7, Тот 6



Екипата на Охрид ја потврди улогата на прв фаворит во групата со победа над најсилниот ривал во овој дел од првенството, Т. Пролет и тоа на гостински терен. 

Мечот што директно го одредуваше врвот на табелата се одигра во услови кога и двата тима имаа запишано  во блиско минато и пауза во тренажниот процес и средби со Ковид 19.

Охриѓани подобро отворија, поведоа со 3-0 и веќе имаа ритам кога домашните израмнија на 3-3, па потоа го контролираа резултатот. 
Беше тесно во првиот дел, со тоа што Пролет искористи неколку одбрани на Ангелов и премина во водство 6-5, а се чинеше дека се на добар пат да му го нанесат првиот пораз на Охрид откако гостинскиот голман заработи црвен картон, а домашните поведоа со 12-9. 

Но, во вториот дел, потфрлија напаѓачите. Само шест погодоци, постигнаа домашните. Охрид брзо израмни 14-14, а потоа по 15-15, користејќи го слабиот домашен напад поведоа со 18-15 и разликата ја одржаа до крајот. 

Ова беше вториот пораз на Т. Пролет по ред, откако во претходното коло загубија од КЛ7. Во овој момент се уште не мора да стравуваат за пласманот во Плеј оф, но ќе мораат да победуваат во следните натпревари и да се фокусираат на својата игра, особено во нападот. 

Охрид е сега признат лидер во групата и практично има обезбедено учество во посилната група во пролетниот дел од првенството, па Раде Стојановиќ полека може да се спрема за малку поинакви битки кога на терен пред себе ќе има и тимови какви што се Вардар, Е. Пелистер и Металург. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk