Скубе го одби ПСЖ

Пари Сен Жермен нема да добие засилување од Данска. 



Словенечкиот бек Себастијан Скубе, изјави дека нема да ја прифати понудата да се пресели во Париз и да стане член на ПСЖ сезонава. 

Парискиот клуб бара замена за Никола Карабатиќ кој најмалку пет месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на вкрстени лигаменти. 

Желбата им беше Скубе да биде привремено „Карбатиќ“, но Словенецот откако се консултирал со семејството, решил во Ковид сезоната да не прави никакви експерименти, да не се сели од местото каде што му е убаво и да остане во побезбедната Данска, па дури и по цена да не заигра за еден таков тим каков што е ПСЖ,  со сите натамошни привилегии што ги носи играњето во Париз, вклучително со Ф4 на тацна. 

Скубе ова го изјави за данската ТВ 2, кој прва ја објави веста дека ПСЖ и Бјерингбро Силкеборг преговараат за трансфер на Словенецот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk