Пино заврши со „скршен“ нос, нема ЕП за неа

Поранешната ракометарка на Вардар, Французинката Алисон Пино, нема да настапи на претстојното Европско првенство во Данска.



Алисон Пино, поранешна ракометарка на Вардар и некогаш најдобра светска ракометарка во избор на ИХФ, нема да ги брани боите на Франција на претстојното Европско првенство во Данска. 

Алисон Пино кој во моментов игра за екипата на Будуќност од Црна Гора, на дуелот со Влчеа, доби лакот во лице од поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ. 
Веднаш беше изнесена од терен, снимката покажа двојна фактура на носот и беше оперирана. Паузата е меѓу четири и шест недели и нема да има ЕП за неа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk