Бабиќ: Ќе биде тешко, но ќе ги надминеме проблемите

Еурофарм Пелистер, слично како и Металург, е жртват на претстојното коло во Европската лига. За разлика од скопските ракометари што беа приморани да патуваат 3000 километри со автобус, на битолските не им беше дозволено одложување на натпреварот со Кадетен, па со само неколку тренинзи по изолацијата ќе излезат на својот втор овосезонски натпревар. 



„Тешка беше ситуацијата во тимот по враќањето од ЕХФ неделата, каде имаа свои обврски. Доста ракометари беа заразени со коронавирус и не можевме сите заедно да тренираме. Се собравме сите заедно пред три дена, одржавме неколку тренинзи и во ова кратко време ќе се обидеме да го анализираме тимот на Кадетен Шафхаузен, за што е можно подобро да му се спротиставиме. Тешко е прецизно било што да се каже, но верувам дека со нашиот карактер и желба ќе го надополниме тоа што не можевме да тренираме заедно.
Го гледавме натпреварот на Кадетен Шафхаузен против ГОГ Гудме, како и нивните домашни натпревари во шампионатот. Тие се цврста дефанзивна екипа, со силен противнапад. Тоа е нивната главна карактеристика и мора на тоа да обратиме внимание во вторник. Треба да бидеме стрпливи во нашата игра во напад“, изјави тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ во пресрет на натпреварот. 

Како ќе изгледа составот на битолчани за дуелот со Кадетен зависи од резултатите од тестовите. Милан Ѓукиќ и Гоце Ојлески се најнеизвесни, но и за нив има голема шанса да играат. 

Натпреварот ќе се игра утре со почеток од 18:45 часот, без присуство на публика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk