ФОТО: ПС Турнир на Металург во автобусот

Металург утрово замина за Шпанија на 40 часовно патување. Веста во меѓувреме се рашири и низ Европа.



Веста дека Металург со автобус замина на 3.000 километри долг пат до Леон, не остана незабележана ниту од странските медиуи. Високи функционери од ЕХФ барем покажаа знаци дека се грижат и прашуваа до каде е Металург со своето патување и дали има некакви проблеми.
Жртвата што ја прави македонскиот клуб, некако мора да биде наградена. Ако не сега, некогаш треба со добро да се врати за ова авантура од 3.000 километри. 

Металург во моментов е некаде низ Италија. И во моментов, во автобусот се одржува турнир. Пред заминувањето, клубот инсталираше во автобусот два телевизора и обезбеди две плеј стејшн конзоли и сега играта е во полн ек. 




 

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk