Скубе го менува Карабатиќ во ПСЖ

Словенечкиот бек Себастијан Скубе би требало да биде замената за Никола Карабатиќ во ПСЖ



Словенечкиот бек Себастијан Скубе би требало да биде замената за повредениот Никола Карабатиќ во ПСЖ, тврди данската ТВ2, еден од најрелевантните медиуми во Европа. 
Данците велат дека ПСЖ и Бјрингбро Силкборг каде што во моментов игра Скубе сериозно преговараат за трансфер на Словенецот. 



Дали ќе се реализира трансферот, пак, е отворено прашање. Зависи од тоа колку се спремни да платат Французите или колку е реално тоа што го бараат Данците. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk