Пелагониското дерби за Е. Пелистер

Е. ПЕЛИСТЕР 2  - ПРИЛЕП   28-25 (17-10)
Кузманоски 6, Стоилевски 5 - Чантурија 11, Шокоски 4



Попладнево во Битола се одигра одложениот натпревар меѓу екипите на Е. Пелистер 2 и Прилеп. Победи домашната екипа 28-25, релативно лесно, иако гостите во своите редови го имаа исклучително расположениот грузиски Македонец, Реваз Чантурија кој постигна 11 гола. 

Се беше решено доста брзо, практично од почетокот на натпреварот кога домашниот состав во кој со бројот на голови се истакна Цветан Кузманоски, поведе со 7-2. 
Предноста од пет, до полувреме порасна за уште два гола и на одмор се замина со големи плус седум (17-10). 



Како што најчесто се случува на вакви натпревари, во вториот дел домашните за нијанса поопуштено, гостите подобро, но дистанцата беше безбедна за домашните. Само во еден момент, во финишот гостите се заканија кога намалија на 22-25, но веднаш следеа два гола во нивна мрежа за мирен финиш и водство од 27-22, подоцна и 28-23, за потоа да убалажи тимот на Прилеп. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk