Металург без странци подобар од Работнички

МЕТАЛУРГ - РАБОТНИЧКИ  26-22 (15-8)
Серафимов 7, Младеновиќ 6 - Ончев 7, Димовски 4, Добревски 4, Атанасовски 4



Само едно изненадување имаше денеска, а тоа се случи на средбата КЛ7 - Т. Пролет. Металург ја оправда улогата на фаворит на средбата со Работнички и победи 26-22 иако на овој меч настапи без странските ракометари. 
Странските ракометари, останаа на трибини затоа што не добија дозвола од РФМ да играат, со оглед на тоа дека не им е се регулирано со лиценците за настап. 



Но, немаше проблеми за старо-новиот тренер Оливер Димитриоски затоа што и само со домашни играчи, Металург поведе со 10-2 на почетокот на натпреварот и тука беа решени сите дилеми. 
До крајот на мечот, без резултатски неизвесноти ја задржа таа дистанца. 

Следниот меч требаше да го игра во недела со Бутел, но таа средба ќе биде одложена затоа што Металург ќе игра во Европската Лига против Адемар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk